X
 17.11.2025 Живот

Еден од најстарите лекови за крвен притисок може да го запре и агресивниот раст на тумор на мозокот

Експерти од Пенсилванија откриле како „хидралазинот“, еден од најстарите лекови за крвен притисок во светот и главен третман за прееклампсија, дејствува на молекуларно ниво. Притоа, тие дошле до изненадувачко откритие - може да го запре и растот на агресивни тумори на мозокот.

Во текот на последните 70 години „хидралазинот“ е неопходна алатка во медицината - прва линија на одбрана против висок крвен притисок што го загрозува животот, особено во бременоста. Но, и покрај неговата суштинска улога, една мистерија опстојува: никој не го знае неговиот „механизам на дејство“ - во суштина како дејствува на молекуларно ниво, што овозможува подобрена ефикасност, безбедност и што може да третира.

- „Хидралазинот“ е еден од најраните вазодилататори и сè уште е третман од прва линија за прееклампсија - хипертензивно нарушување кое опфаќа 5-15 % од смртните случаи кај мајките во светот. Тоа доаѓа од ерата кога истражувачите прво се потпираа на она што го гледаа кај пациентите, а дури подоцна се обидоа да ја објаснат биологијата зад него - вели Кјосуке Шишикура, лекар-научник на Универзитетот во Пенсилванија.

Тимот го открил методот на дејство на „хидралазинот“ и со тоа открил неочекувана биолошка врска помеѓу хипертензивните нарушувања и ракот на мозокот. Наодите истакнуваат како долго воспоставените третмани можат да откријат нов терапевтски потенцијал и би можеле да помогнат во дизајнирањето побезбедни, поефикасни лекови - и за здравјето на мајките и за ракот на мозокот.

- Разбирањето како „хидралазинот“ дејствува на молекуларно ниво нуди пат кон побезбедни, поселективни третмани за хипертензија поврзана со бременоста - потенцијално подобрување на резултатите за пациентите кои се изложени на најголем ризик - велат експертите.


„Хидралазинот“ блокира ензим сензитивен на кислород

Тимот открил дека „хидралазинот“ блокира ензим кој е сензитивен на кислород, наречен 2-аминоетаниол диоксигеназа (АДО) - молекуларен прекинувач кој им кажува на крвните садови кога да се стеснат.

- АДО е како алармно ѕвонче кое ѕвони во моментот кога кислородот почнува да опаѓа. На повеќето системи во телото им треба време - тие мора да копираат ДНК, да создаваат РНК и да градат нови протеини. АДО го прескокнува сето тоа. Тој го префрла биохемискиот прекинувач за секунди - објаснуваат експертите.

Отклучување на потенцијалот за други третмани и спасување животи

Истражувачите велат дека следниот чекор е да се поттикне хемијата со градење нови АДО инхибитори, кои се поспецифични за ткивото и подобри во преминувањето или искористувањето на слабите точки во крвно-мозочната бариера, така што силно ќе го погодуваат туморското ткиво, а воедно ќе го поштедуваат остатокот од телото.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот