Пандемијата на
коронавирусот ги погоди сите авиокомпании низ светот. Авионите останаа на аеродромите, а илјадници луѓе во индустријата останаа без работа.
Кризата најмногу ги погоди нискобуџетните компании, меѓу кои и „Визер“, „Рајанер“ и „Еизиџет“. „Рајанер“ имала 99,6% помалку патници во април поради кризата, а речиси идентичен е падот кој го забележал „Визер“.
Ситуацијата не се смени многу од април, за што сведочи графикон кој го објави „Флајтрадар24“. Имено, на 11 јуни минатата година во 3 часот попладне над Европа летале 704 авиони, додека истиот ден и во истото време оваа година имало само 27.
Извор:
index.hr
Фото: Facebook