X
 13.06.2021 Наша тема

Самет Јеркој студира македонски јазик во нашиот лекторат во Истанбул, дали се заслужени оценките, кога треба да се вакцинираат тие што прележале ковид-19...

Во случај да пропуштивте...

Полни соби со награди од цел свет - Ангела и Андреа се едни од најнаградуваните на битолскиот „Монмартр“: Ангела Каранфиловска (20) и Андреа Коруновска (18) пораснаа меѓу штафелаите, боите, четките, цртежите во Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во Битола. Во морето од ликовни таленти кои го посетуваа овој уметнички епицентар во Битола, тие се меѓу најнаградуваните.

Маја Банковиќ-Грчева: Од ТМФ во Скопје до кариера во бизнис-трансформација во Лондон: ТМФ нуди многу различни насоки за развој и всадува вештини и особини кои сегашните и идните студенти ги носат низ целиот свој живот, каде и да се најдат во светот, вели Банковиќ-Грчева.

„Рома рок скул“ им дава бесплатни часови по музика на деца од економски загрозени семејства: Морам првин да кажам дека Здружението не е само за Роми. Тоа може да се констатира и по самиот назив на Здружението. Музичкото образование не само за Ромите, туку за сите е бесплатно, без разлика на етничката припадност, вели Алвин Салимовски

На oнлајн-тест добил четворка, а „во живо“ знаел за двојка. Дали оценките оваа година се добиени по заслуга? Во периодот што следува наставниците и професорите треба да ги пополнат свидетелствата, кои ќе им ги поделат на учениците кон крајот на месецов. За тоа дали оценките се навистина добиени по заслуга, поразговаравме со практичари од основното и од средното образование

Образование: Зошто секоја реформа предизвикува хистерија? Сега сме повторно во еден таков процес кој предизвикува општествени турбуленции. Дали постои страв од промени, дали станува збор за неиздржани и неправилни пристапи во процесите на реформа? Има ли вистински пат до реформирано образование, а некој да не покаже отпор или револт?

„По гласот си ги распознавам учениците!“ Каква беше соработката меѓу средношколците и професорите што се гледаа само на монитор? Предавам на неколку пара близнаци во прва година во различни класови, и тоа еднојајчени. Интересно е што кога вежбаат, двајцата различно вежбаат. Имаат посебна камера, посебна соба. Иако можат да манипулираат, не го прават тоа, вели Марко Арсовски, професор по физичко образование во „Михајло Пупин“

Самет Јеркој студира македонски јазик во нашиот лекторат во Истанбул: „Јазикот го учам и преку македонските песни и ора“: Јазикот го учам не само преку лексички и граматички вежби, туку и преку традиционалните македонски песни и ора. Имам многу незаборавни спомени од Охрид. Имам голема желба да го научам македонскиот jазик на повисоко ниво и да го промовирам македонскиот jазик во Турција, вели Самет

Дали треба да се вакцинираат тие што прележаа ковид-19 во време кога нема доволно вакцини? Проф. д-р Никола Пановски ги разрешува дилемите
Здравствените власти во земјава, според Пановски, направиле грешка кога дозволиле да се вакцинираат лица што ја прележале болеста ковид-19 пред помалку од шест месеци, во услови кога нема доволно вакцини за масовна имунизација.

Интервју со писателот Игор Крајчев: „Невозможно е уметноста да ја промени некултурата, тоа е исто како да сакате од кал да направите злато“: Пред неколку години Венко Андоновски на промоцијата на стихозбирката „21“ од Игор Крајчев за својот пулен кажа: „Тој е еден од оние мајстори што го следат Рациновото стебло во поезијата“. Во последните години Рациновото стебло се разгранува со појавата на секој млад поет, со секој сонувач кој сака со својата поезија да му вдахне убавина на светот, да го спаси, да му каже нешто на светот.

Издвојуваме

Наша тема