Оние кои живеат во Австралија честопати одбиваат да веруваат дека се поспори од остатокот од светот. Тоа се случува сè додека вистината не биде запишана со црно на бело.
Неодамнешниот
извештај објавен од „Акамаи“ за „состојбата на интернетот“ на крајот од 2014 година докажува дека Австралија навистина заостанува зад светот во поглед на брзината на интернетот.
Извештајот ја става земјата на 44 место на листата од земјите кои учествувале во истражувањето, со просечни 6,9 мегабити во секунда. Австралија е далеку позади другите земји во својот регион, и покрај обидот за пуштање национална интернет мрежа од страна на владата во последните години.
Од друга страна, интернетот е малку побрз на Нов Зеланд, моментално со просечни 7 мегабити во секунда.
За споредба, просечните брзини на интернетот во Јужна Кореја и Хонг Конг, кои се на врвот на земјата, се 25,3 мегабити во секунда и 16,3 мегабити во секунда, соодветно.
Доколку го читате ова во Австралија, потребни ви биле 4,23 секунди за вчитување на страницата на компјутер, а 4,799 секунди на мобилен телефон.