X
 29.04.2024 Живот

Ова се најопасните земји во светот за посета во 2024 година

Јужен Судан, Либија и Авганистан се најопасните земји во светот за посета во 2024 година, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата „Интернешнл СОС“.

Компанијата објави интерактивна мапа која покажува каде патниците имаат најголема веројатност да се соочат со безбедносни закани врз основа на ризикот од политичко насилство, социјални немири, насилен и ситен криминал и, оваа година, влијанието на климатските промени.

Меѓу најбезбедните места за посета се Гренланд, Финска, Норвешка, Исланд и Луксембург, а „Интернешнл СОС“ вели дека безбедносните закани таму се занемарливи. Спротивно на тоа, Либија, Јужен Судан, Сирија, Украина и Ирак се меѓу најопасните за посета, а овие земји се рангирани како со екстремен безбедносен ризик.

Во земјите од Централна и Јужна Америка, Венецуела, Хондурас и Хаити, безбедносниот ризик за патниците се смета за висок по постојаното зголемување на криминалот и немирите. Норвешка, Финска и Исланд пак, се означени како земји со низок ризик од здравствени и безбедносни проблеми, што значи дека се најбезбедни заедно со Швајцарија и Гренланд.

Кога станува збор за здравјето, земјите со најголем ризик од развој на медицински проблеми или болести ги вклучуваат африканските земји Нигерија, Судан, Либија, Централноафриканската Република, Сомалија и Сиера Леоне. Јемен е исто така означен како земја со висок ризик, како и Ирак, Сирија и Северна Кореја.

Повеќето земји означени како низок ризик од болести се наоѓаат во Европа, Канада, САД, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка и Чиле.

Оваа година за првпат беше вклучена категорија која се фокусираше на влијанието на климатските промени врз земјите ширум светот. Во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија, ризикот од климатски промени се смета за низок, но во земји како Нигерија, Демократска Република Конго и Сирија, ризикот е многу висок.

Додека ризикот од климатските промени е низок за повеќето европски земји, „Интернешнл СОС“ нагласува дека летниот топлотен бран направи хаос на континентот. Температурите беа постојано над 40 степени со денови, а туристите во Рим се онесвестуваа од жештината.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот