X
 22.11.2023 Живот

Од сабота постудено и снег

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран в сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и на пониските места.

На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат, соопшти УХМР.

В недела минималната утринска температура ќе се спушти до -5, а во понеделник до -13 степени. Максималната дневна ќе достигне до 7 степени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот