X
 13.03.2015 Образование

МОН не го менува ставот: Математика ќе се полага... Средношколците најавуваат протести



Средношколците продолжуваат со организирањето на собири пред училиштатата против воведувањето на математиката како задолжителен предмет за полагање на државна матура. Доколку за осум дена, колку што е предвидено со закон, не добијат одговор од Министерството, ќе организираат протести, кои ќе се одвиваат посебно во секој град, но не ја исклучуваат можноста за помасовни протести во Скопје. Протестите, како што велат од Пленумот, нема да бидат за време на наставата за да не се губат часови.

Вчера, заменик министерот за образование во својата изјава пред медиумите повторно го соопште ставот на МОН и најави можност да биде организирана и обука на сите ученици кои сметаат дека пред државната матура ќе им бидат потребни и дополнителни часови по математика.

- Полагањето математика како задолжителен предмет на државната матура од оваа учебна година го најавивме пред една и пол година. Ја разбирам загриженоста и вознемиреноста на учениците, но би сакал да апелирам до нив и да укажам на тоа дека станува збор за основно ниво на математика. Не треба да постои каков било страв кај нив дали и како ќе успеат да ја совладаат материјата. Во земјите-членки на ЕУ веќе подолг период математиката е задолжителен предмет на сите нивоа. Не само во гимназиското образование, туку и во средните стручни училишта - изјави заменик министерот за образование Ристовски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование