X
 18.03.2015 Технологија

Можете да се логирате на Yahoo Mail без да ја помните лозинката

лозинка

 

Помнењето на уникатна лозинка за секој профил со кој управувате - социјални мрежи, банка, меил, и други сервиси, е вистинска главоболка. Постојат илјадници букви и броеви кои постојано треба да ги знаете.


Затоа, Yahoo сака да ви помогне со тоа што ќе ви олесни кога се логирате на меил. Всушност, ви овозможува да не внесете традиционална лозинка, односно не сака да имате никаква лозинка.

Компанијата воведе нова карактеристика во логирањето која на корисниците им испраќа специјален код до нивните мобилни уреди за да добијат пристап. Кодот е создаден само за таа сметка; со оглед на тоа што се менува со секое логирање, методот е доста сигурен. Хакерите ќе мораат физички да го поседуваат телефонот за да го знат кодот и со тоа да имаат пристап до меилот.

Многу компаннии како Twitter, Facebook и Google имаат понудено слична опција веќе некое време. Разликата меѓу нив и Yahoo е тоа што не ви е потребна постојана лозинка, туку таа која компанијата ви ја испраќа на ваше барање.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија