X
 25.06.2015 Живот

Какво време не` очекува до крајот на неделата и за време на викендот?

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, посвежо и ветровито.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч.
Утринските температури од 9 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 27 степени.

 

СКОПЈЕ
- Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 15 степени а максималната дневна ќе достигне до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок и сабота ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, но во сабота постојат услови за слаби локални врнежи од дожд. Температурите ќе бидат пониски од просечните за овој период од годината, па максималните ќе се движат од 17 до 28 степени.

Во недела умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Максималните температури ќе достигнат до 20 односно до 30 степени.
Во понеделник се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите. Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 32 степени.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот