X
 08.06.2017 Живот

Временска прогноза за наредните 4 (четири) дена

Денес е четврток, 8 јуни 2017 година, 159-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:09 часот. Денот ќе трае 15 часа и 15 минути.

По синокешните поинтензивни врнежи од дожд кои беа пропратени со грмотевици во северните и североисточните предели од Македонија, ова утро во најголем дел имаме претежно облачно и топло време. Само понекаде во западните предели имаме претежно сончево време со локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне намалување на облачноста и претежно сончево време со појава на локална облачност. Во крајните западни и југозападни предели, како и во источните и североисточните предели развој на нестабилност која што ќе услови и врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Минималните температури од 10 до 19 степени, а максималните дневни од 19 до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви, попладне претежно сончево со локална облачност и ветровито време. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА 4 ДЕНА - Во петок денот ќе го започнеме со посвежото утро температури од 5 до 14 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со дневни температури кои ќе бидат во пораст и ќе се движат од 21 до 31 степен. Сончево и топло ќе биде во сабота со минимални температури од 6 до 15 степени, додека пак максималните од 24 до 34 степени. Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и максимални температури кои ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 22 односно до 32 степени. Во понеделник сончево и топло време со продолжување на трендот на благо опаѓање на температурите, утринските од 7 до 16 степени, додека пак дневните од 20 до 30 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот