X
 13.06.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Ни претстои жешка недела со температури до 40 степени



Денес е понеделник, 13 јуни 2016 година, 165-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 4:57, а ќе зајде во 20:11 часот. Денот ќе трае 15 часа и 18 минути.

Ова утро над Македонија имаме облачно и посвежо време со утрински температури кои се малку пониски од вообичаените за овој период од годината. Во југозападните, како и во делови од источните и североисточните предели има и врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе биде претежно облачно и нестанбилно со врнежи од дожд и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во источните и југоисточните предели, каде локално ќе наврнат и над 25 литри дожд. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 14 односно до 25 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна до 23 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Македонија и во вторник ќе биде под влиијание на поле на низок воздушен притисок кој ќе донесе умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и дневни температури кои ќе се движат од 15 до 26 степени. Од среда конечно стабилизација на времето, под влијание на поле на висок воздушен притисок и јужно воздушно струење во среда, четврток и петок ќе биде сончево и многу топло со константен пораст на температурите. Во среда максималните од 22 до 33 степени, во четврток од 26 до 37 степени, и во петок ќе достигнат од 29 до 40 степени и вредност на ув индексот 10.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот