Секогаш кога се префрламе од тема на тема губиме 23 минути ефикасна работа. Обидете се да пресметате колкупати во текот на работното време некој или нешто ви пречи во работата, а потоа тој број помножете го со 23 и ќе го добиете бројот на минутите кои сте ги изгубиле во само еден ден.
Имено, едно истражување покажува дека секогаш кога прекинуваме нешто на работа и се префрламе на друа тема, разговор или социјални мрежи, потребни ни се 23 минути и 15 секунди за да се вратиме на претходната задача целосно.
Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Калифорнија. Слични резултати се добивале и од други студии, односно и порано било покажувано дека пречките на работа го одложуваат менталниот напредок.
Со други зборови, оние две минути кои мислевте дека сте ги портошиле на „Фејсбук“ всушност стануваат 25 минути кога ќе го пресметате и времето кое ви е потребно за да се фокусирате на работата повторно.
- Всушност, ние играме тенис со нашата когнитивна енергија, префрлување на внимание од една на друга работа, но нашиот мозок не е како тениско топче и потребно му е некое време да се префрли од една на друга работа“ - велат истражувачите кои работеле на студијата.