X
 15.09.2015 Забава

Очите на светот свртени кон Скопје Сити Мол: Град на екстремни акробации!

Нивото на адреналин овие денови е доста високо кај сите љубители на спортот и вљубениците на велосипедизмот. Сите се во големо исчекување на претстојниот светски FMB сребрен настан, Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival, кој овој петок ќе се оддржи на платоата предСкопје Сити Мол и пешачките зони долж Бул.Партизански Одреди и ул.МАНАПО. Организаторите од Планинарскиот Клуб за Велосипедисти во Македонија Oxygen не ветуваат ништо помалку од спектакуларно и адреналинско шоу кое ќе разбуди восхит кај сите возрасти.

 

 

За овој FMB Silver настан веќе се постави земјена патека, долга 150м со ширина од 10 метри, со почетна скокалница висока неверојатни 15 метри, а долга 30 метри и 3 помали скокалници со висина од 2,5 метри и 4 вештачки ридови со висина од 4 метри.

 

 

 

Богатата и разновидна понуда ветува многу, а во истата се вклучени разни егзибиции и акробации, како BMX натпреварот во склоп на кој ќе бидат распространети BMX рампи на простор од 500 м2 специјално за овој светски настап за прв пат на Балканот, каде ќе настапат повеќе од 40 натпреварувачи од 6 држави.

 

 

нглиската акробатска група од Лондон, Savage Skills, ќе има свои free style егзибици, а ќе присуствува и трократниот европски првак, Бен Савиќ од Англија, кој веќе е пристигнат во Скопје и ќе биде дел од овој несекојдневен настан.

 

 

За само неколку дена очите на светот ќе бидат свртени кон Скопје Сити Мол, Скопје ќе се најде на светската мапа на локации за оддржување на настан од вакви размери, а Македонија ќе биде позната и како држава каде, сепак има можности и капацитети да се организираат ваков тип на манифестации.

 

 

Повеќе информации за настанот кој започнува за само 3 дена на 18ти септември, можете да пронајдете на http://balkanbikefestival.com/ и на http://skopjecitymall.mk/bike

 

Погледнете атмосферата од минатата година во Виена, Австрија

 

 

Повеќе за првиот македонски бајк

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава