X
 27.10.2015 Култура

Откриена тајната стара 40 години - за што зборуваат стиховите на песната Bohemian Rhapsody?

квин

 

Пред скоро 40 години, на 31 октомври 1975 година, во јавноста за прв пат беше пуштена песната на Queen, „Bohemian Rhapsody“.


Песната стана дел од листата „100 најдобри песни на сите времиња“, но човекот кој ја напишал никогаш јавно не сакал да го објасни вистинското значење на неговите стихови.

Фреди Меркјури, фронтменот на Queen, еднаш изјавил дека во песната се пее за „врските“, а ниту неговите колеги од бендот не кажале нешто што би го објаснил текстот.

Но, на неколку дена пред 40 годишнината од песната, биографот на Фреди Меркјури, Лесли-Ен Џонс открива дека стиховите во песната криеле тајна порака - признанието на Фреди дека е хомосексуалец.

Угледниот музички тексописец Тим Рајс, кој одлично го познавал Фреди, смета дека тврдењето на биографот Џонс држи вода. „За мене е повеќе од очигледно дека тоа е признанието на Фреди дека е хомосексуалец. За ова разговарав и со тапанарот на Queen, Роџер Тејлор. Пораката е прилично јасна: Фреди навистина признава дека е хомосексуалец“, вели Рајс.

„Во стихот „Mama, I just killed a man“ [Мама, само што убив човек], Фреди се убива самиот себеси, односно неговиот поранешен карактер. Кога пее „Put a gun against his head, pulled my trigger, now he's dead“ [Ставив пиштол на неговата глава, го повлеков чкрапалото и сега тој е мртов], станува збор за дотогашната хетеро личност која сега е мртва“, вели Рајс.

„I see a little silhouetto of a man [Гледам мала сенка на човек]“, се`уште го прогонува тоа што го направил“, додава Рајс.

„Кога и да ја слушам песната, го гледам Фреди како се обидува да се ослободи од еден и да прифати друг Фреди. Дали успеал во тоа? Мислам дека прилично добро се соочи со сето ова“, вели Рајс, според кој оваа песна е една од најголемите музички дела на 20-от век.

Лесли-Ен Џонс вели дека таа лично го прашала Еди дали песната е негово признавање на хомосексуалноста, на што тој одговорил: „Сега не е моментот“.

Но, неговиот љубовник Џим Хатон, после смртта на Фреди, тој ја потврдил оваа теза. „Беше во право. Фреди никогаш не сакаше јавно да признае бидејќи мораше да продолжи да игра хетеро личност поради неговото семејство. Но, многу пати сме зборувале за тоа“, вели Хатон.

„Тоа беше исповедување на Фреди за тоа како неговиот живот би можел да изгледа, колку тој би бил среќен ако би можел да биде она што е. Светот имаше можност да слушне имагинативно ремек дело, комплексно и повеќеслојно, но со едноставна порака. Песната пее за тоа што навистина беше Фреди“, вели Хатон.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура