X
 02.11.2015 Култура

Најдоброто од Алан Форд: Не и` верувај на жената која лаже

Генерации наназад пораснаа со легендарната екипа на Алан Форд. Во негова чест се потсетуваме на неговите најдобри цитати од популарниот стрип.

 

алан форд


1. „Подобро да живееш 100 години како милионер, отколку 7 дена во беда“.

2. „Не е важно да учествувате, важно е да победите“.

3. „Ако имаш намера да победиш, не смееш да изгубиш“.

4. „Оној кој спие не е буден“.

5. „Вооружи се и бегај“.

6. „Подобро нешто од нешто, отколку ништо од ништо“.

7. „Ако сакаш да победиш во трка, мораш прв да поминеш низ целта“.

8. „Не се предавај никогаш, освен кога мораш“.

9. „Алан, ајде да бегаме, тие се двајца, а ние сме сами“.

10. „Проклетство, овој ѕид е мазен како мазен ѕид“.

11. „Ништо не ветуваме и ништо не исполнуваме - партијата на вистината“.

12. „Овде лежи оној кој повеќе го нема“ (епитаф)

13. „Мене најмногу ме погодува мојата сопствена смрт“.

14. „Подобро да бидеш богат отколку да не бидеш“.

15. „Купи и` цвеќе на саканата жена, но не заборавај да и` купиш и на сопругата“.

16. „Познат сицилијански адвокат тврди дека се` е тоа плод на полициската имагинација“.

17. „Не и` верувај на жена која лаже“.

18. „Оној кој оди, не трча“.

19. „Кој лета вреди, кој вреди лета, кој не лета не вреди“.

20. „Подобро да издадеш книга, отколку пријателот“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура