X
 31.05.2018 Култура

Буковски: „Голото преживување до умирачката е тешка работа!“

Еве неколку брилијантни цитати од Чарлс Буковски, еден од најинтелигентните и најдуховитите писатели што ни го приближиja животот во сите негови форми:

За животот

Голото преживување до умирачката е тешка работа.

Не верувам во тоа дека е можно светот да се направи подобро место за живеење. Верувам дека можеме да престанеме да го правиме полошо место.

Почнувате да го спасувате светот спасувајќи само едно лице; сè друго е грандиозен романтизам или политика.

За жените

Сите жени се различни. Во целост, изгледа како да се комбинација од најдоброто и најлошото, во исто време магично и страшно. Како и да е, драго ми е што жените постојат.

Додека ние, мажите, сме зафатени со гледање фудбал или пиење пиво, или дружење на куглање, жените мислат на нас. Се фокусираат на нас, нè студираат и одлучуваат што сакаат да направат: да нè прифатат, отфрлат, да нè заменат за нешто подобро, или едноставно – да нè убијат.

За талентот и пишувањето

Писателите се очајни луѓе. И кога ќе престанат да бидат очајни, престануваат да бидат писатели.

Со 25, секој може да биде гениј. Со 50, мораш да направиш нешто за да станеш тоа.

Амбицијата ретко им помага на талентираните луѓе. Да се има среќа е нешто сосема друго. Талентот секогаш се влечка зад тоа.

Интелектуалците кажуваат едноставна работа на потежок начин. Уметниците кажуваат потешка работа на едноставен начин.

За луѓето

Некои луѓе никогаш не полудуваат. Најверојатно живеат навистина страшен живот.

Човечко суштество може да се сака ако не го познавате добро.

Потенцијалот, како што реков, не значи ништо. Мораш да го направиш тоа. Речиси секое бебе во кошница има поголем потенцијал од мене.

Ако успеете да измамите некого, тоа не значи дека тој е будала. Тоа само значи дека ви верувал повеќе отколку што сте заслужиле.

Убавината не е ништо, убавината нема да остане. Ни самиот не знаеш колку си среќен затоа што си грд, затоа што ако луѓето те сакаат, знаеш дека тоа е заради нешто друго.

За самиот себе

Осаменоста ме зајакна; без неа е како да сте без храна и вода. Секој ден без осаменост ме заслабува. Не се гордеам со својата осаменост, но зависам од неа.

Оженет сум, но немам жена. Мојата жена е мојот живот.

Обично сум лош, но кога сум добар, пеколно сум добар.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура