X
 08.11.2015 Култура

Грешки кои треба да ги избегнувате за време на интервју за работа

Интервјуто за работа е вашата шанса да оставите одличен прв впечаток и да докажете дека вие сте најдобрата личност за таа работа.

 

прашање


Но понекогаш нервите уништуваат се`, или пак не се подготвувате соодветно и на крајот правите работи кои ги поништуваат вашите квалификации и прават да изгледате неодговорни или неспособни.

„Имам спроведено над 200 интервјуа за работа во изминативе 12 месеци“, вели ЛиЗ Весел, извршен директор и ко-основач на „Way Up“, страна која ја користат 200.000 студенти за да пронајдат работни места на места како Microsoft, Uber, the New York Times, Disney и Google. „Дури и најпаметните и најискусни кандидати се чини дека имаат проблеми за време на интервјуто за работа“.

Таа вели дека постојат неколку ужасни грешки кои кандидатите постојано ги прават и со тоа изгледаат сериозно неквалификувани и неспособни.

1. Зборувате за тоа колку сте нервозни

Можеби мислите дека е привлечно кога признавате дека сте доста нервозни кога ќе влезете на интервју, меѓутоа вистината е дека и не ви дава баш најдобар изглед. „Работодавците очекуваат да бидете возрасна личност, која може да работи под притисок и да се справи со секаков вид на стресни ситуации на кои би можеле да наидете на работното место“. Ако зборувате за тоа колку сте нервозни, испраќате порака дека не сте подготвени да се справите со вистинската атмосфера во работната средина.

2. Не истражувате доволно

„Еден кандидат влезе и ме праша дали јас сум менаџер во канцеларијата. Ужасен почеток!“, вели Весел.

Додека се подготвувате за интервјуто за работа, треба да прочитате се` што има да се прочита за компанијата, лидерите и личноста со која ќе зборувате. „Работодавците сакаат да видат дека сте ја извршиле вашата „домашна задача“ и дека навистина сте се ангажирале да дознаете за компанијата“.

Во ред е да поставувате прашања, меѓутоа не прашања за кои вие самите треба да го знаете одговорот.

3. Одговарање на прашања без да елаборирате

Работодавците не бараат одговори со по еден збор - тие бараат приказни за тоа како сте влијаеле врз претходното работно место. „Кога работодавецот ќе ја спомене вашата улога како претседател на клубот или како практикант, не треба само да кажете: „Да, беше забавно“. Објаснете! Кажете како вие се снаоѓавте, кои беа вашите задачи. Ова е вашата шанса да блеснете!“, вели Весел.

4. Немате никакви прашања за работодавецот

На крајот на секое интервју, работодавецот секогаш прашува: „Дали имате некакви прашања за мене?“

„Иако мислите дека ова е формалност, не е. Недостатокот на прашања рефлектира недостаток на ангажирање дури и неспособност да размислувате сами“, вели Весел.

Добрите вести е дека можете да бидете одлични со мала подготовка. Измислете прашања во стилот: „Која е најтешкиот дел од вашата работа?“ или „Каде мислите дека компанијата треба да се подобри?“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура