X
 29.12.2015 Живот

Временска прогноза до крајот на годината и какво време да очекуваме на почетокот од 2016-та?



Во Македонија во вторник во утринските часови ќе има појава на слаба магла, која поради северното воздушно струење нема да се задржи и во претпладневните часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -6 до 2 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која ќе се задржи и претпладне. Попладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Утринската температура од -2 степени, а максималната дневна до 11 степени.

Во наредните денови се очекува продор на многу студена воздушна маса која што ќе услови голем пад на температурите и многу студени ноќи и утра. Во среда умерено облачно со сончеви периоди, додека во североисточните и југоисточните предели со врнежи од дожд и снег. Максимална температура до 1 односно до 11 степени.

Во четврток и петок претежно сончево и многу студено со дневни температури од -4 до 4 степени, а за новогодишната ноќ температурата ќе се спушти до -14 односно до -5 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност. Утринските температури од -13 до -4 степени, а максималните од -3 до 5 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот