X
 04.11.2015 Живот

Времето во Македонија во наредните пет дена



Во среда уште едно студено утро со негативни утрински температури во поголем дел од градовите во Македонија и ќе се движат од -6 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло со максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени.

Во Скопје во среда ќе биде сончево и топло. Слаб ветер. утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Продолжува трендот на сончево и топло време со ниски температури во текот на ноќта и во утринските часови.

Во четврток и петок благ пораст на утринските температури, а максималните дневни температури ќе се движат од 11 до 21 степени. Во сабота не очекува сончево време со благ пад на максималните температури кои ќе достигнат до 9 односно до 19 степени.

Во недела појава на локална облачност. Утринските температури од -4 до 5 степени, а максималните дневни ќе се движат од 9 до 19 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот