X
 02.08.2016 Живот

Празнична временска прогноза

Денес е вторник, 2 август 2016 година, 215-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:24, а ќе зајде во 19:53 часот. Денот ќе трае 14 часа и 29 минути.

Тоа што вчера ви најавивме, дека не очекува сончево и топло утро, денеска се остварува. Насекаде над Македонија небото е ведро.

По сончевото утро, во претпладневните часови се очекува зголемување на облачноста која во попладневните часови ќе услови нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици проследени со засилен северозаападен и североисточен ветер. Претежно сончево со локална облачност се очекува да биде во понекаде во централните и југоисточните предели. Утринските температури од 13 до 21 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, во попладневните часови со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 7.

Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и дневни температури кои ќе се движат од 26 до 36 степени. Во четврток сончево и потопло со пораст на максималните температури кои ќе достигнат до 28 односно до 38 степени. Сончевото и топло време ќе продолжи и во петок и сабота кога се очекуваат дневни температури кои ќе се движат во интервал од 30 до 39 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот