X
 23.01.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме наредната недела?



Во Македонија во сабота не очекува ледено утро. Појава на мраз и голомразица поради ниските утрински температури кои ќе се движат од -19 до -6 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено. Ќе дува доумерен слаб но студен северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури пониски од просечните и ќе се движат од -7 до 4 степени.

Во Скопје во сабота многу студено утро со утринска температура од -11 степени. Во текот на денот претежно сончево и студено а ќе дува и доумерен слаб северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 0 степени.

Во недела студено утро со утрински температури од -15 до -3 степени. Претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста и дневна температура до -4 односно до 7 степени. Во понеделник и вторник умерено облачно со сончеви периоди, со напомена дека во понеделник попладне и во вечерните часови во северните, североисточните и источните предели со врнежи од снег. Максималните дневни температури од -2 до 10 степени. Во среда претежно сончево со локална облачност и потопло со максимална температура од 0 до 12 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот