Универзитетот „Католика Сакро Куоре“ со седиште во Милано, Бреша, Пјаченца, Кремона и во Рим, со 12 факултети и над 500 амфитеатри, беше еден од првите во Италија што почнаа со работа на 7 септември.
Покрај сите вообичаени мерки за претпазливост, овој универзитет воведе и карантин за книги. Имено, универзитетот има голем број исклучително стари книги и први изданија што се чуваат на посебен начин, но епидемијата на коронавирусот доведе до тоа да се воведе карантин за секоја книга што ја користат студентите.
Благодарение на соработката помеѓу Универзитетот и „Тиренија“ од Женова, италијанска компанија која има долгогодишно искуство во снабдување производи и услуги за културни добра, универзитетот прв доби уреди што со својата работа ќе овозможат безбедно студирање, но и работа на сите вработени.
Во заедничките простории се поставени УВ-ламби кои со кратки бранови ги елиминираат бактериите и вирусите. И во текот на карантинот, благодарение на ефикасната организација на универзитетот, студентите можеле да резервираат и да земат книга која по враќањето во библиотеката веднаш била дезинфицирана.
Денес, универзитетот има два високотехнолошки уреди што користат УВ-зраци и озон со цел да се гарантира правилна дезинфекција на материјалите и средините во кои се наоѓаат вработените и студентите, без никаква штета за здравјето.
Благодарение на технологијата заснована на озон, компанијата „Тирена“ овозможува и организација на настани со голем број луѓе, а побарувачката за нивните уреди расте. Универзитетот „Католика“ е прв што воведе ваков метод на заштита на вработените и на студентите, покажувајќи дека на прво место им е безбедноста на сите студенти и на оние што допрва ќе се запишат на факултет.
Извор:
Bizlife.rs
Фото: Pixabay