X
 11.01.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа работна недела?



Во Македонија во понеделник не` очекува уште еден натпросечно топол ден, со дневни температури кои ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и топло. Ќе дува доумерен југоисточен и југозпаден ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч во западните предели. Утринската температура од 0 до 9 степени, додека максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 11 степени.

Во вторник во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне врнежи од дожд се очекуваат во крајните западни предели, како и во северозападните и североисточните предели. Дневнните температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Во среда умерено облачно со сончеви периоди и максимални температури од 4 до 13 степени. Во четврток претежно сончево и посвежо со дневни температури од 2 до 12 степени, а во петок тие ќе се движат во интервал од 3 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот