X
 28.02.2017 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 28 февруари 2017 година, 59-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:05, а ќе зајде во 17:26 часот. Денот ќе трае 11 часа и 21 минути.

Во утринските часови имаме појава на магла по котлините и долините. Во останатите предели претежно сончево со локална облачност и малку посвежо време во однос на вчерашните утрински температури.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови појава на магла која што понедекаде ќе се задржи и во раните претпладневни часови, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време со температури кои ќе бидат и за 10 степени повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер. Утринските температури од -1 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време . Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, додека пак максималната дневна до 18 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во утринските и претпладневните часови претежно сончево со локална облачност, попладне и навечер нестабилно време со врнежи од дожд. Утринските температури од 2 до 8 степени, а дневните од 8 до 18 степени.

Во четврток во утринските часови појава на слаба магла и постудено утро со утрински температури од -1 до 5 степени, во текот на денот сончево и топло време со дневни температури кои ќе се движат во интервал од 7 до 17 степени. Сончево и топло време се очекува и во петок и сабота со температури кои ќе останат над просекот за овој период од годината.

Утринските температури од -2 до 4 односно од -1 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 9 односно до 19 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот