X
 21.07.2015 Живот

Внимавајте! Топлотниот бран продолжува... УВ индекс 10

Во вторник Македонија ја очекува уште еден тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од 15 до 26 степени, а дневните ќе достигнат до 31 односно до 41 степен. УВ индекс 10.

Во среда тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Попладне во северозападните и западните предели ќе има појава на локална облачност. Утринските температури од 14 до 25 степени, а максималните дневни ќе се движат од 30 до 40 степени. УВ индекс 10.

Претежно сончево и многу топло во четврток. Во попладневните часови зголемување на облачноста во крајните западни предели, каде што постојат и услови за краткотрајни локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат од 14 до 25 степени, а пак максималните дневни ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. УВ индекс 9.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот