На 29 Јануари 2016 година, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ),
симфонискиот оркестар и џез бендот при Густавус Адолфус Колеџот од САД во соработка со
Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) организираат концерт на класична и џез музика.
На 29 јануари 2016 година, синфонискиот оркестар и
џез бендот при Густавус Адолфус Колеџот од
САД во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) организираат концерт на класична
и џез музика.
Настапот ќе биде дел од турнејата на симфонискиот оркестар со наслов: „American Celebration of
Music in Greece and Macedonia”. Притоа, тие ќе имаат можност да ја осознаат македонската култура и
обичаи, но воедно и да ја доближат американската музика до македонската публика.
Македонската публика ќе има чест да присуствува на настапот на 150 млади професионалци и
талентирани студенти на различни факултети при
Густавус Адолфус Колеџот. Покрај своите студии
во различни подрачја, тие се исто така дел и од музичката програма на колеџот, каде што имаат
можност да ја градат својата професионална кариера во симфонискиот оркестар, џез бендот, хорот и
други музички секции.
Повеќе од една третина од вкупниот број на студенти на овој колеџ учествуваат во музичката
програма. Тие велат: „Заедничкото создавање музика заедно е обележје на нашата заедница“.
Тимот на Универзитет Американ Колеџ Скопје има огромна чест и задоволство што ќе има можност
да ја промовира македонската музика и традиција и воедно да овозможи поставување на мост на
културата меѓу Македонија и САД.
Влезот на концертот е слободен.
Поради ограничениот број на места во салата, Ве молиме направете резервација на места на
следната е-пошта: networking@uacs.edu.mk или на телефонскиот број: 02/ 2463 156.