X
 11.07.2022 Здравје

Видеоигра што ја препишуваат докторите за лица со АДХД

Многу родители се грижат дека децата и тинејџерите поминуваат многу време пред компјутер играјќи видеоигри, но постои игра која докторите ја препорачуваат за лица со АДХД.

Играта е „Ендевор Р-екс“ (EndeavorRx). Во 2020 година стана првата игра одобрена од страна на Агенцијата за храна и лекови на САД како третман за АДХД кај децата.

Играта е достапна само со упат од доктор во САД, а на прв поглед е слична на многу други игри. Во неа контролирате мал вонземјанин кој се трка на вселенски брод меѓу различни светови додека собира богатства. Видеоиграта била направена со помош на невронаучници и е создадена за да ги стимулира и подобри регионите од мозокот кои имаат клучна улога во задржувањето на вниманието.


Целта на видеоиграта е да им помогне на децата со АДХД да прават повеќе работи истовремено и да ги игнорираат работите што им го одвлекуваат вниманието. Додека играат, алгоритам ги мери нивните резултати и ја приспособува играта во реално време. „Акили“, компанијата која стои зад играта, планира да ја претстави во Европа следните години.

Во меѓувреме, лекарите во Лондон користат компјутерски игри за да дијагностицираат проблеми со менталното здравје, особено депресијата. Тие ја користат апликацијата „Тимија“ (Thymia) која прави дијагноза врз основа на коментарите и изразите на лицето на пациентите додека играат.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје