16 месеци татковско отсуство, дарежливи финансирања за истражување во областа на технологијата и зелената енергија... Чудно е што досега не сме се преселиле во Шведска.
![svedska](/images/news/2016/01/20160130-video-koe-kje-ve-natera-da-gi-spakuvate-kuferite-i-da-se-preselite-vo-shvedska-m.jpg)
Заедно со неверојатните снимки од пејзажите во Шведска, видеото „This is Sweden“ ни ја покажува уметноста на шведското живеење, промовирајќи ги семејните вредности и разновидноста.
Преведено на 19 јазици, краткото видео има за цел да допре до потенцијалните туристи насекаде низ светот. Користејќи го хаштагот #ThisIsSwedish, скандинавскиот рај се чини дека ја шири својата стратегија до целиот свет на социјалните медиуми.
Единственото нешто што ни остана да го направиме е да ги спакуваме куферите, и правец - Шведска!