X
 11.02.2016 Живот

Најекстремните места низ светот каде живеат луѓето

Ако сте едни од оние луѓе кои често зборуваат како времето е лошо или временските услови се тешки за живот во вашиот град, тогаш треба да ги посетите овие места во светот каде луѓето живеат во навистина екстрени услови.

Но и покрај овие потешкотии, овие луѓе се горди затоа што живеат токму таму. Кој знае, можеби после посета на овие места ќе започнете да го гледате вашиот живот во сосема поинакво светло.

Кубер Педи, Австралија

 

1


Околу 1.500 луѓе живеат во овој мал град во Австралија, а минатата година ја прослави својата 100 годишнина. Сепак, луѓето навистина имаат што да слават, бидејќи животот таму за нив воопшто не е лесен: просечната температура во летото кое обично трае 6 месеци е околу 40 степени.

Голем дел од луѓето кои живеат таму се кријат во специјално направени подземни пештери. Но зошто луѓето се`уште живеат таму и не ја напуштаат областа? Одговорот е едноставен. На ова место се наоѓа најскапиот и највредниот опал во светот.

Кандован, Иран

 

4


Жителите на овој град живеат во издлабени пештери, слични на џиновски мравјалник. Некои од овие пештери се стари околу 700 години.

Првите жители се населиле тука откако побегнале од монголските освојувачи. И покрај тешките услови за живеење луѓето се`уште живеат тука и имаат современ живот.

Исорток, Гренланд

 

3


Арктичкото време во овој град ги прави условите за живот прилично екстремни за Инуитите (Ескимите). Сепак, околните острови, фјордови и блокови мраз станаа идеално место за фоките, што е главниот извор за живот и заработка.

Ситиа де Кастело, Италија

 

5


Да, дури и во срцето на Европа можат да се пронајдат екстремни услови за живеење. Кастело е мало село, дом на околу 150 луѓе. Лоцирано е на 1452 метри надморска височина, и е највисокото населено место на Апенините. Селото се наоѓа во Националниот парк Сибулине. Но зошто е толку есктремно?

Населбата се наоѓа на место кое редовно е преплавено со дожд и планинска вода. Обично, водата од дождот бега од планините во природните шуплини, но кога овие шуплини ќе се затнат, населбата станува големо езеро. Тука луѓето буквално живеат во езерото, па мораат да се навикнат на високата влажност постојано.

Аогашима, Јапонија

 

1


Обично во изумрениот вулканси кратер може да се најде исклучително плодна земја, па селото започна да се движи се` поблиску и поблиску до вулканот само поради добрата жетва.

Хуачачина, Перу

 

5


Вистинска зелена оаза во средината на пустината во областа Ика, која е позната по аматерскиот спорт на „даскање“ на песок. Ова е вештачки изградено одморалиште, а причината зошто луѓето живеат тука е доста прагматична - огромни приходи и придобивки од туризмот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот