X
 07.01.2018 Живот

Во Австралија рекордно високи температури

Денес во Сиднеј температурата достигна 47,3 Целзиусови степени и со тоа овој ден е најтопол од 1939 година наваму.


Како што соопштува Би-би-си, во областа околу Сиднеј е дадено предупредување за опасност од пожари, а во градот целосно е забрането палење на оган. Температурниот рекорд претходно е регистриран во 1939 година, кога биле измерени 47,8 Целзиусови степени. Неколку пожари веќе се забележани вчера, а многу имоти се уништени во државите Викторија и Јужна Австралија.

Големата жештина посебно ги погодува спортистите – учесници на тенискиот турнир, кои мора да ги напуштат терените, а слична е и ситуацијата на крикет-турнирот во Сиднеј.

Повеќе од 200 температурни рекорди се регистрирани во Австралија во текот на летото од декември 2016 до февруари 2017 година, со топлотни бранови, шумски пожари и поплави.

Температурите се толку високи, што одредени поединци на „Твитер“ објавиле фотографии на кои се гледа дека катранот на асфалтот се топи, па на автопатите се создава голем метеж.

Експертите предупредуваат дека температурите на земјата и на морињата се нарушени поради климатски промени и временските услови ќе бидат уште поекстремни.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот