X
 24.02.2016 Живот

Кристина Несторовска: Со AVON се надградувам себе си и не зависам од никој

   
Отсекогаш ѝ се допаѓале производите на AVON, но пред повеќе од една година почнала и да работи на продажба. Вели дека ја привлекло и тоа што како Претставник добива многу попусти и има одлична дополнителна заработувачка

Скопјанката Кристина Несторовска има само 21 година, но желбата да биде самостојна и независна ја мотивирала да стане AVON Претставник. Вработена е, а продажбата на производите од козметичкиот гигант ѝ носат дополнителна заработувачка. Поседува авантуристички дух и сака да патува на нови дестинации, а парите што ги собира од ангажманот како AVON Претставник ѝ овозможуваат да ужива на патувањата.

- Отсекогаш ми се допаѓале производите на AVON особено парфемите. Пред неколку години ми се отвори можност да станам Претставник. Во работата ме привлече и тоа што имаме попусти и што имаме шанса да пробаме некои производи уште пред да се пласираат во продажба. Сега кога ќе почнам да размислувам дури се чудам како претходно не ми текнало да се зачленам и да станам Претставник - вели Несторовска. 


И јас ги обожувам производите


Работата во AVON ѝ носи заработувачка, но и многу други предности.

- Се запознавам со различен тип на производи кои се корисни за убавината и доаѓам во контакт со луѓе односно ширам познанства. Исто така секојдневно ги усовршувам моите продажни вештини – додава Кристина.

Гледајќи од аспект на корисник на производите, таа најмногу ги сака парфемите. Вели често и се случува некој да го забележи парфемот кој го има ставено, да ја праша што користи и да направи нарачка односно да стане нејзин клиент.

- Ги обожувам и козметиката и накитот. Воедно и моите корисници се задоволни и од производите, но и од подароците кои ги добиваат за одредени нарачки. Сепак најмногу се воодушевени жените на кои им е важна убавината – вели Несторовска.



Станав независна

Кристина вели дека со AVON има тема на разговор со секој без разлика дали го познава или не. Се разговара за производите од козметичкиот гигант.

- На моите клиенти им се допаѓа мирисот на брошурата и повеќе сакаат така да нарачуваат отколку преку интернет. Девојките секогаш повеќе се одлучуваат да купат козметика или парфем додека мажите се заинтересирани за часовниците. AVON е убавина, секојдневие на секој маж или жена. Ми носи среќа и на мене и на тие околу мене – додава Несторовска.

За Кристина, AVON е и љубов на прв поглед. Философијата на компанијата е мотивација на силни и независни жени која е насловена „Убавина со цел“. Младата девојка е вистински пример за една амбициозна, мотивирана AVON дама која не застанува пред пречките на патот туку ги прескокнува.

- Независноста е поврзана со потребата да успееш сам во животот и секој мора да ја има. Сам да го пишуваш животот и да не зависиш од никој. Се чувствувам како успешна. Имам 21 година и сама работам. Не зависам од никој – посочува Кристина и додава дека се надева дека и во иднина ќе продолжи да напредува и да се надградува со помош на AVON.



*Комерцијален текст


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот