X
 24.02.2016 Култура

Зборови кои не можат да се преведат на ниту еден јазик

И покрај глобализацијата и фактот дека се` повеќе и повеќе луѓе учат странски јазици, и понатаму постојат зборови кои не можат да се преведат на ниту еден странски јазик.

 

зборови


Ова не би требало да не` зачуди кога ќе го земеме во предвид фактот дека ширум светот се зборуваат 7.000 јазици.

Во новата книга „More Than Just A Word – Untranslatable Words Of Love From Around The World“, авторката Ема Блока истражува некои од овие зборови, а повеќето од нив се поврзани со љубовта. Ова се некои од поинтересните.

Cafuné (португалски)
- Поминување со прстите низ косата на саканата личност.

Litost (чешки) - Познатиот чешки писател Милан Кундера овој збор го дефинира како „очај кој се јавува кога човек наеднаш сфати колку е во ужасна состојба“.

Schnapsidee (германски) - Планот кој настанал во пијана состојба или е толку смешен што сигурно сте биле пијани додека сте го смислувале.

Viraha (хинду) - Кога ќе сфатите колку сакате некој откако ќе се разделите.

Jayus (индонезиски) - Толку недуховита шала што не можете а да не се насмеете.

Tsundoku (јапонски) - Кога ќе купите книга која никогаш нема да ја отворите.

Oodal (тамилски)
- Глумење дека сте лути пред партнерот после расправија.

Toska (руски)
- Владимир Набоков го опишал овој збор како „чувство на голема духовна тежина, која често доаѓа без посебна причина“.

Abbiocco (италијански) - Поспаноста што ја чувствувате откако убаво ќе се најадете.

Оdnoliub (руски) - Личноста која цел живот имала само една љубов.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура