Тоа и не е за чудење, со оглед дека во светот се зборуваат околу 7.000 јазици.
Во новата книга „More Than Just a Word – Untranslatable Words of Love from Around the World “, авторката Ема Блок истражува некои од таквите зборови, а „
Индипендент“ издвои неколку најинтересни примери:
Cafunè (португалски) = Поминување со прстите низ косата на партнерот.
Litost (чешки) = Познатиот чешки писател Милан Кундера го дефинираше овој збор како „очај што се појавува кога човек ненадејно ќе увиди во колку бедна состојба се наоѓа“.
Schnapsidee (германски) = План што настанува во пијана состојба или е толку смешен што мора да сте биле пијани кога сте го замислувале.
Viraha (хинду) = Сфаќање колку некого сте сакале дури откако ќе се разделите.
Jayus (индонезиски) = Толку недуховита „шега“ , што не можете да се насмеете.
Tsundoku (јапонски) = Кога купувате книга која никогаш повеќе нема да ја отворите.
Oodal (тамилски) = Глумење лутина пред партнерот по љубовна кавга.
Toska (руски) = Владимир Набоков го опишал овој збор како „чувство на голема духовна мачнина, до која често се доаѓа без некој посебен повод“.
Abbiocco (италијански) = Поспаност што се чувствува откако ќе се прејадете.
Odnoliub (руски) = Лице кое во целиот живот имало само една љубов.