X
 12.10.2022 Живот

Интроверт и екстроверт: Начинот на кој се изразувате многу кажува за вас

Јазикот на интровертите и екстровертите е многу различен, додека анксиозните луѓе имаат тенденција во својот говор да вклучат зборови на страв и грижа.

Непознат човек може да погоди каков темперамент имате само со читање на вашите твитови. Именките, глаголите, придавките, па дури и брзината со која зборувате може да остави впечаток за тоа каква е вашата личност.

На пример, луѓето што излегуваат повеќе имаат поголема веројатност да зборуваат погласно и побрзо. Но, постојат и други начини на зборување и изразување кои можат да ви помогнат да одредите нечиј карактер.

1. Јазикот на интровертите има тенденција да биде поапстрактен


Јазикот на интровертите и екстровертите се разликува. Интровертите сакаат да користат поапстрактни и нејасни зборови, додека екстровертите се поконкретни во своите термини.

На пример, кога некој сака да препорача книга, може да звучи поинаку. Екстровертите би рекле: „Оваа книга е одлична!“, додека интровертите би рекле: „Оваа книга е информативна!“

2. Екстровертите користат повеќе зборови кои одразуваат задоволство

Ако интровертите седат заедно и разговараат, има големи шанси да почнат да зборуваат за решавање на проблемите, како: „Треба да ја сменам кујната во мојот нов стан бидејќи е премногу стара“.

Меѓутоа, кога екстровертите разговараат меѓу себе, тие претпочитаат да покриваат многу теми и сакаат теми за животните задоволства: „Ми се допаѓа големата дневна соба во мојот нов стан“.

3. Луѓето со отворен ум користат повеќе зборови за да покажат сочувство

Начинот на кој ги избирате зборовите може да открие колку сте отворени и пријателски расположени. Отворените луѓе претпочитаат да користат реченици кои покажуваат сетила и емоции. Ако нивниот колега направил грешка или е вознемирен, може да каже нешто како: „Не биди тажен. Ти треба некој што ќе те сослуша“.

4. Анксиозните луѓе користат зборови што го покажуваат нивниот емоционален гнев


Почесто, вознемирените луѓе имаат тенденција да вклучуваат зборови на страв, грижа и неволја во својот говор. Тие можат да кажат работи за себе, како: „Имам невидена тага.“ Но и покрај тоа, немојте да брзате да ја осудувате личноста, секој понекогаш се чувствува лошо.

5. Вредните луѓе користат зборови за достигнувања и работи поврзани со нивната работа

Совесните луѓе ќе ги препознаете по зборовите поврзани со работата. Овие луѓе се ориентирани кон резултати, па затоа претпочитаат да користат реченици повеќе отколку другите луѓе.

6. Луѓето што се отворени кон искуствата почесто го користат зборот „ние“

Дури и користењето зборови како „ние“ наместо „јас“ може да открие социјално ориентирана и поотворена личност.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот