X
 26.02.2016 Култура

Подгответе се за интервју - Се бараат луѓе за новиот Star wars

Последната епизода одново ја разбуди имагинацијата на милиони фанови низ светот и нè остави да сонуваме како сме дел од тој свет. Сега, може да станете дел од тој свет. „Lucasfilm“ вработува!


Ова не значи дека ќе ви биде даден костумот и ќе бидете еден од клоновите (иако доколку сакате, аудициите сè уште се отворени), но ќе добиете шанса да станете дел од она што се случува позади камерите.

„Disney“ го купи „Lucasfilm“ во 2012 година, а компанијата најави излегување на епизода на „Star wars“ секоја година оваа деценија. Ова значи дека ќе има многу работа за „Lucasfilm“, па компанијата сместена во Сан Франциско објави огласи за над 40 работни места, меѓу што и луѓе за работа на визуелни ефекти, звук, видео игри, анимација, лиценцирање, книги, интернет-страници и приказни.


Доколку ви е потребна поголема мотивација за да се пријавите за кариера во компанијата, еве го официјалниот оглас на „Lucasfilm“:

„Се наоѓаме во бизнисот за раскажување одлични приказни и создавање магија. Правиме навистина добри филмови, видео игри, телевизиски програми и искуства за темски паркови. Создаваме неверојатни визуелни ефекти и звук. Продаваме, носиме и лиценцираме наши произвори и услуги насекаде низ светот. Постојано се трудиме да ја поместиме границата и да работиме со најдобрите таленти во индустријата.“

Доколку барате работа, одете на нивната интернет-страница и биделе дел од силата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура