X
 08.04.2016 Култура

Актерот Васил Зафирчев, ќе го отвори 9. ИТФ "Лица без маски"


 
Актерот и режисер Васил Зафирчев, ќе го отвори 9. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“.

Пред почетокот на изведбата на претставата „Собуј ги чевлите“, во режија на Петар Ристовски, од „Лудум, Лудум“ театарот од Србија, Зафирчев ќе се обрати пред присутната публика и гостите на фестивалот, на малата сцена на МОБ.

Во наредните фестивалски денови, се до 12 април, скопската и македонска публика, ќе има можност да види најразлични претстави од Србија, Романија, Грција, Македонија, Русија и Италија.

Билетите за претставите од програмата на „Лица без маски“, се по цена од 200 денари и може да се набават на касата на „Универзална сала-Скопје“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура