X
 08.06.2016 Култура

Велосипедот со вас, патиките на вас, ќебенцето под вас и сите на "АлШар 2016"

Во рамките на „АлШар 2016“ се организирани две велосипедски патеки, една подолга и потешка (од околу 52 км.) и пократка и полесна (долга околу 28 км.). Подолгата и потешка планинарска тура е долга околу 17км., а помалата и полесна кратка планинарска тура изнесува околу 5-6 км. На истите маршрути од планинарските тури, заради голем интерес за планинско трчање, се вклучени и сите љубители на овој спорт



Каде и да си, викендов во Тиквешијата да си. Зошто? За да присуствувате на дводневното дружење на „АлШар 2016“, да го допрете Сонцето, да ја откриете тајната за почетокот на светот. И да се дружите со сите љубители на прородата, на велосипедизмот, на пешачењето, да уживањето во природата. Разговараме со Живко Гурев, еден од „Тиквешките точакгџии“ кои се главните виновноци за оваа викенд-авантура.

Во неколку реченици кажете ни зошто Тиквешијата викендов ќе биде место кое не смее да се пропушти?

- Викендов кој ни претстои, на 11 и 12 јуни, ќе се случи настан на отворено, прв од ваков тип во Тиквешијата, наречен „АлШар 2016“. Целта е да обедини голем број на велосипедисти, планинари, екологисти, љубители на природата, спортот, дружењето, забавата, а сето тоа ќе биде проследено со добра музика во текот на целиот настан.

Кој го организира настанот? Кои се „Тиквешки точакџии“?

- Настанот „АлШар 2016, Допри го Сонцето, откриј ја тајната за почетокот на светот“ го организира здружението „Тиквешки точакџии“ од Кавадарци. Ние сме релативно младо здружение, формирано пред неколку месеци. Но, оваа идеја се роди уште пред неколку години. Ние сме група на ентузијасти, вљубеници во природата, дружењето, спортот.



Колку и какви тури се организирани?

- Во рамките на „АлШар 2016“ се организирани две велосипедски патеки, една подолга и потешка (од околу 52 км.) и пократка и полесна (долга околу 28 км.). Подолгата и потешка планинарска тура е долга околу 17км., а помалата и полесна кратка планинарска тура изнесува околу 5-6 км. На истите маршрути од планинарските тури, заради голем интерес за планинско трчање, се вклучени и сите љубители на овој спорт. Сите овие активности се предвидени за во недела на 12 јуни и почнуваат во 10 часот. Во сабота пак, на 11 јуни во 14 часот ќе почне ревијално возење на големата велосипедска тура со крос-мотори и теренски возила, кои пак ќе бидат техничка поддршка за време на активиностите во недела. За време на целиот настан ќе има добра забава со голем број на диџеи и рок-група во сабота навечер. Модератор на настанот ќе биде познатитот радио водител Дуле Стефанов, кој подготвува голем број на изненадувања и добра забава за сите присутни гости на „АлШар 2016“.


Клик за поголема резолуција

Каков е интересот досега, колку луѓе се пријавени?

- На само неколку дена пред почетокот на „АлШар2016“, пројавениот интерес барем досега, ги надминува сите наши очекувања. Барем на поголемиот дел од нас, посебно во нашите првични проекции што ние како организатори си ги поставивме за да сметаме дека сме успеале во она што сме го започнале. Како организатори на овој настан, прво и основно сакаме целиот настан да биде организациски добро подготвен, се да помине во најдобар ред, и сите оние кои ќе присуствуваат и ќе бидат дел од „АлШар2016“ да понесат добри импресии и да посакаат повторно да се вратат и да поминат викенд кој долго ќе го паметат, а пред се да уживаат во убавините на Кожув.

Како е замислено ова дводневно дружење? Тој што ќе реши да дојде што треба да понесе со себе?

- Целиот настан е исклучиво од рекреативен карактер, замислен за да може секој да ужива во она што повеќе го исполнува - дали е тоа планински велосипедизам, планинарење, планинско трчање или само излет во природа. Најважно од се што треба сите да понесат на овој настан е добро расположение, нормално покрај основни средства за оние кои ќе одлучат да кампираат.



Ние како организатори се потрудивме да им ги обезбедиме сите други потребни нешта како храна и пијалоци, кои во сабота ќе може да ги набават по многу поволни цени. Во недела, пак, за сите оние кои обезбедиле пакет за настанот добиваат бесплатни пијалоци во текот на целиот ден, како и традиционално македонско гравче со парче месо за време на ручек. Покрај ова следуваат и голем број на други изненадувања.

Дали можат да се пријават и родители со деца и постари лица?


- Како што имаме најавено во програмата за овој настан, замислата ни е да покрај учесниците во организираните велосипедски и планинарски тури, дел од овој настан да можат да бидат и повозрасни лица и деца, да ја почуствуваат таа позитивна енергија, а со самото тоа да придонесеме во стварање на генерации кои многу повеќе ќе тежнеат кон природата, да бидат дел од неа и да знаат да ја чуваат и негуваат.

Колку е комплицирано да се организира еден ваков настан во Македонија? Дали се соочивте со потешкотии?

- Се она што се работи со љубов, позитивна мисла, ентузијазам и желба да се организира нешто со што се промовира голема позитивна енергија, колку и да е комплицирано, а секако дека е, е занемарливо во однос на тоа што не води како императив да успееме и да направиме нешто што ќе се памети најмалку една година, барем до следниот „АлШар 2017“.


Клик за поголема резолуција

Потешкотии од поголеми размери сме немале, туку напротив, имаме огромна подршка од целата заедница, почнувајќи од Општина Кавадарци, бизнис секторот во најголем дел од Кавадарци, како и од неколку познати национални компании, но и од голем број на физички лица кои безрезервно не поддржуваат во нашата цел, да го допреме сонцето-АлШар 2016.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура