„Работите кои сте ги научиле на факултет пред 15 години не се вештините кои ви требаат за следната работа.“
Факултетската диплома некогаш била карта за кариера или повисока плата. Ова некогаш е вистина и сега, но дигиталната економија бара повеќе, смета претседателот и ко-основач на „Coursera“, Дафне Колер за време на нова епизода од „Recode decode“.
Нејзината порака за студентите е дека образованието треба да трае цел живот и дека ризикот е преголем доколку престанете да учите нови работи во 20-те години.
„Работите кои сте ги научиле на факултет пред 15 години не се вештините кои ви требаат за следната работа. Од младите денес се очекува да се менува работата на секои три години. За следната работа која ќе им треба потребни ќе бидат сосема различни вештини од работата која ја имале претходно“, вели Колер.
Но, Колер посочила дека „Coursera“ не е организацијата која учи на овие вештини. Таа има соработки со над 100 факултети и универзитети низ светот за да обезбеди избор од предавања, најчесто бесплатно.
Наместо да ги остави овие установи без работа, Колер вели дека нивната цел е да се зголеми пристапот до нив и тие да се заштитат од кражба на информации онлајн. Потоа, Колер смета и дека старомодните предавања ќе исчезнат во иднина и новите технологии како вештачката интелигенција и виртуелната реалност ќе ја обликуваат иднината на високото образование.
„Мислам дека можеш да научиш нешто од робот, но мислам дека не можеш да бидеш инспириран од робот“, вели Колер.