Кога луѓето што ги познаваме се обраќаат за совет, најдобриот начин да им помогнеме е да поставуваме прашања. Така тие ќе дојдат до нивни заклучоци и нема се чини како ние да им кажуваме што треба да прават.
Добро е од време на време и самите да си поставуваме прашања. Така ќе знаеме до кај сме стигнале и каде одиме понатаму, ќе знаеме за што да се грижиме, а што е неважно во животот. Подолу прочитајте една преглог-листа со прашања за вас лично, одговорете ги и
ослободете го умот:
1. Ако не знаевте колку години имате, колку години би си дале себе си?
2. На крајот на животот дали е поважно да сте кажале повеќе или да сте направиле повеќе?
3. Ако животниот век на човекот би бил 40 години, како би го промениле својот живот?
4. Дали попрво би ги направиле правилните работи или нештата на правилен начин?
5. Што е подобро: да се загрижен гениј или среќен идиот?
6. Дали некогаш сте се соочиле со вашиот најголем страв – ако не, кој е тој?
7. Дали сте само живи или сметате дека навистина живеете?
8. Што сте направиле денес што навистина ќе го паметите?
9. Дали го работите она во што верувате или без тоа го извршувате?
10. Колку навистина ја контролирате сопствената животна патека?
11. Ако може да понудите некому совет, кој би бил тој?
12. Ја сфаќате ли границата меѓу лудоста и креативноста?
13. Ако може да промените една работа во светот, која би била таа?
14. Дали би се откажале од 10 години од животот за да бидете славни или атрактивни?
15. Дали некогаш се чувствувате дека го живеете истиот ден одново и одново?
16. Ако учиме од грешките, зошто ни е толку страв да ги направиме?
17. Што би направиле поинаку ако никој не би судел?
18. Што сакате вистински во животот?
19. Што е полошо: губење или никогаш да не се обидете?
20. Што држете до себе, а што треба да го пуштите да оди?