X
 10.09.2016 Живот

Приказната зад фотографијата Falling man од нападот на кулите близначки во Америка

Најраспространетите фотографии кои го документираа нападот на кулите близначки во Америка беа од авионите и од зградите, најмалку од луѓето што во тој момент се затекнале таму. Фотографијата именувана Falling man (Човекот што паѓа) е нешто сосема различно.

На фотографијата што ја направил Ричард Дру се гледа човек во поинакво бегство од зградите што се рушат, и претставува симбол на индивидуалност наспроти безличноста на облакодерите во позадината. На денот на големата трагедија, Човекот што паѓа е една од мноштвото слики на која се прикажува нечие умирање.

Фотографијата беше објавена во весниците низ Америка во деновите после нападите, но заради реакциите на читателите беше поттурната во привремен заборав.

Идентитетот на Човекот што паѓа до денес не е откриен, но се верува дека бил вработен во некој од рестораните во трговскиот центар. Вистинската моќ на Човекот што паѓа е во тоа што постана паметник на “непознат војник во уште понепозната и неизвесна војна”.

 

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот