X
 19.09.2016 Култура

Како да ги најдете, вработите и да ги задржите вистинските луѓе за вашата компанија?

Научете на осмата интернационална HR конференција што ќе се одржува на 13 и 14 октомври во Скопје, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси



Како компаниите да ги најдат, да ги вработат, но и да ги задржат вистинските луѓе кои со своите вештини и знаења ќе обезбедат раст и развој на компанијата? Како да се искористат талентите на вработените, но и тие да бидат задоволни и мотивирани да се ангажираат на работното место? Ова ќе бидат едни од клучните прашања на кои ќе се дадат одговори на осмата интернационална конференција за човечки ресурси (8 MHRA International Conference and HR Expo 2016) што на 13 и 14 октомври ќе се одржува во Скопје во хотелот Мериот.

Конференцијата ја организира Македонската асоцијација за човечки ресурси (MHRA), професионална организација која го поддржува, промовира и го развива менаџирањето со човечките ресурси.

На интернационалната конференција ќе говорат бројни експерти од Македонија, но и од земји од странство како Словенија, Велика Британија, Австрија, Косово, Хрватска, Грција, Холандија . Меѓу нив ќе има раководни лица на големи светски компании, професори, бизнисмени, но и консултанти. Сите тие ќе држат тренинзи, ќе подучуваат и советуват, но и ќе ги раскажат сопствените инспиративни приказни.

Заинтересираните за учество на оваа престижна конференција треба да пополнат формулар за регистрација кој може да се најде на следниот линк http://mhraconference2016.must-attend.net/home и да го испратат на мејлот contact@mhra.mk .

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура