X
 20.09.2016 Образование

Нарушувањата на растот кај децата успешно се лекуваат, но само ако се на време откриени



Контролирајте ја висината на вашето дете барем два пати годишно. Контрола на висината не значи детето да биде измерено и да добиете нумерички број. Барајте од матичните педијатри и семејни лекари да ги внесат добиените сантиметри во перцентилната табела која покажува до каде е висината на вашето дете во однос на очекуваната нормална висина за неговата возраст, вели професорката Марина Крстевска-Константинова, специјалист-ендокринолог од Универзитеската клиника за детски болести

Висината на децата не се само бројки на сантиметарот, туку сериозен показател кој укажува ако нешто не во ред со нив. Лекарите предупредуваат дека многу медицински причини можат да влијаат на растот кај детето. Најчесто, нарушувањето на растот е најраниот симтом кој открива многу медицински патолошки состојби кои се во позадина.

Денеска е 20 Септември, Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. За да се сврти вниманието на јавноста кон овој многу важен аспект на детското здравје, на скопскиот Плоштад Македонија се организра бесплатно мерење на висината и тежината на сите дечиња чии родители ќе сакаат да проверат дали нивната висина е соодветна за возраста. Мерењето ќе се одвива од 10 до 14 часот, а ќе го спроведат екипи од Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Секое дететнце што ќе се измери ќе добие подарок - цеде од пејачот Виктор Апостоловски.

Акцијата ја организира Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ под мотото „Децата имаат кратко време да растат, а цел живот да живеат со резултатите“.

Соодветно лекување

Според Александар Петровски, претседател на Здружението „Раст“, доколку нарушувањата на растот кај некое дете е препознаено на време, тие можат да бидат соодветно лекувани.

- Генерално децата многу доцна се препратени кај соодветен лекар - специјалист педијатар ендокринолог за подетална анализа и точна дијагноза. Родителите најчесто се загрижуваат за висината најчесто кога децата се веќе во понапредна возраст, во повисоките одделенија во основното образование и кога висината е многу важна во рамките на целокупниот физички изглед. Во таа возраст тие веќе сами посветуваат поголемо внимание и поставуваат прашања во врска со нивниот раст. Со оваа состојба не се соочуваат само децата во нашата земја, туку е глобален проблем на кој здруженијата за ендокрини заболувања на интернационално ниво се обидуваат да стават посебен акцент и да го доближиме до целата популација, родителите, стартелите. Сакаме да укажеме и да ги посетиме дури и здравствените работници дека санитметрите, покрај останатите показатели се нешто што заслужува посебно внимание во тек на нивната работа, независно дали се превентивни или поинакви прегледи. Сакаме да укажеме дека пресцентилните табели треба да бидат нивна секојдневна алатка – вели Петровски.

Терапијата не се прекинува

Според статистиката на „Раст“, во Македонија во моментот има околу 110 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон за раст, терапија која е целосно покриена од државата. Сепак, постои поголема група на деца кои не добиле можност да почнат со терапијата и чекаат да почне лекувањето.

- Тие чекаат да се ослободи место од децата кои веќе ја примаат потребната терапија. Времето на чекање е различно. Специјалистите можат повеќе да зборуваат од стручен асект, но потврдено е дека најдобри резултати се постигнуваат кога дијагнозата ќе биде поставена на време и кога неопходната терапија ќе почне во раните годините од претшколска возраст. Нашето здружение постојано се ангажира со одговорните институции да најдеме решение за да можат и новите пациенти да добијат терапија на време и да имаат право на избор на терапија како што е во најголем број на земји во светот. Бидејќи терапијата со хормон з араст не смее да биде прекината и пациентот мора да ја прима 365 дена во годината, со години. Деца ја примаат навечер, пред спиење, а тоа може да трае и десет години – објаснува Петровски.

Обрнете внимание на децата

Професорката Марина Крстевска-Константинова, специјалист-ендокринолог од Универзитеската клиника за детски болести ги советува родителите и старателите да обрнат внимание на висината на своите деца, зашто таа е показател на нивното целокупно здравје.

- Постојат многу медицински причини кои можат да влијаат на растот кај детето. Во основа, нарушувањето на растот е многу често најраниот симтом кој ни разотрива многу други медицински патолошки состојби. Контролирајте ја висината на вашето дете барем два пати годишно. Контрола на висината не значи детето да биде измерено и да добиете нумерички број. Барајте од матичните педијатри и семејни лекари да ги внесат добиените сантиметри во перцентилната табела која покажува до каде е висината на вашето дете во однос на очекуваната нормална висина за неговата возраст. Раните знаци можете и вие како родители и стартели да ги процените едноставно и сами. Доколку забележите дека детето носи ист број на облека подолго од една година, пониско е од неговите врсници, консултирајте се со лекар – вели таа.

Позитивни резултати

Растот и висината на детео не смеат да бидат занемарени, бидејќи тие не се само математичка димензија. Решение може да се најде само ако детето е испратено кај педијатрите-ендокринолози за навремена дијагноза.

- Доколку се сомневате, подобро е да се конустирате со нас на време, отколку да се изгуби драгоцено време. Нарушувањата на растот можат многу успешно да се лекуваат. Оваа порака не ја упатувам само до родителите, туку и до моите колеги педијатри и семејни лекари. Со терпијата со хормон за раст постигнуваме одлични резлутати, но резултатите се добри само доколку се почне со терпијата на време. Важно е децата да се лекуваат континирано. Не смее да има воопшто пауза во лекувањето. Лекот мора да се прима секој ден, секоја вечер пред спиење. Многу е важно да нема промена во видот на хормонот за раст. Потребен е континуиран третман со ист вид на лек. Безбедноста на децата е нашиот постојан и прв приоритет. Нашето 25-годишно искуство со оригинални лекови кај оваа група на деца ги потврдува нашите позитивни резулати. Мораме сите да запомниме дека висината на детео не е само број. Сантиметрите зборуваат за метаболизмот, за здравјето кај вашето дете. Следете ја висината кај вашите најмили и алармирајте на време доколку се сомневате дека не е во нормални граници – вели Крстевска-Константинова.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование