X
 04.10.2016 Живот

Доказ дека сe е возможно: Продавале маици на улица, а денес се мултимилионери

Браќата Берт и Џон Џејкобс, основачите на "Life is Good",, дошле до идеја која ги променила нивните животи засекогаш: Тие одлучиле да продаваат маици, кои самите ги дизајнирале.

Тие поминале тежок пат од продажба на маици со комбето на улиците на Бостон, до тоа да водат мултимилионски бизнис. Најверојатно немало никогаш да успееат, да не била нивната мајка, Џоан, која ги учела своите синови да ги гледаат само добрите нешта во животот, без разлика на се, пишува “Inspiremore“.


браќа


Џон и Берт израснале како најмлади од шест деца во семејство што му припаѓало на долната средна класа. Кога биле во основно училиште, нивните родители доживеале страшна несреќа. Нивната мајка поминала со полесни повреди, но таткото претрпел повеќе траума и не бил во можност да ја користи десната рака.

Оваа трагедија влијаела многу на однесувањето на нивниот татко. Тој станал нервозен, се можело да го иритира и почнал да се расправа, лути и навредува без причина.

Но, и покрај сите проблеми, нивната мајка сѐ уште верува дека животот е убав. Секој ден, кога семејството се собирало и вечерале заедно, таа му поставила на децата едно прашање:

"Кои се добрите работи што денес се случија?"

"Зборовите на мајка ми беа едноставни и тоа целосно ја промени енергијата во собата. А пред тоа, ние стануваме свесни, ги претресувавме сите најдобри, најсмешни и најбизарни делови од денот. Тој оптимизам е нешто што нашето семејство секогаш го имало, дури и кога речиси немавме ништо"- вели еден од браќата.


бизнис со маици


Оваа мајка ги научила своите синови дека да се биде оптимист е избор што го правиме секој ден. Берт и Џон го следеле едноставното правило целиот свој живот.

Почнале да продаваат облека на улиците на Бостон, а по пет години од продажбата имале само 78 долари на сметката. Но, не се откажале. Нивниот голем успех дошол откако го основале нивниот бренд и повторно ја стартувале компанијата: произведувале маици со смајли и фразата “Life is good”.

Едноставниот, но позитивен дизајн ги освоил срцата на многумина и на крајот на годината, “Life is good” маиците се продавале во износ од 87.000 долари. Денес, нивните маици, капи и други предмети, се продаваат во продавниците низ целиот свет, а компанијата се проценува во вредност од 100 милиони долари.

Таа исто така се фокусира на промовирање на здрав начин на живот. Исто како и пред само 22 години, тие го живееат и денес своето мото “Life is Good”.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот