X
 11.10.2016 Здравје

Секоj орган има свои емоции: Еве што нѐ учи традиционалната кинеска медицина

Ако забележи дека имате тенок глас, на лекарот по кинеска медицина му е јасно дека енергијата во вашите бели дробови е на многу ниско ниво. Црвените очи укажуваат на “оган“ во црниот дроб, а пожолтувањето на лицето на недостаток на крв и енергија од слезината. Ако некоја жена не може да забремени, се проценува нивото на енергијата на левиот и десниот бубрег.

Според кинеската медицина, основната причина за болестите се емоциите, а секој орган има свои емоции. За белодробните болести се поврзува тагата, за црниот дроб лутината, за бубрезите страв, за желудникот грижа. Секој орган има свој вкус. Белите дробови сакаат зачинета и лута храна, црниот дроб кисела, слезината слатка, а бубрезите солена. Кинеските лекари веруваат органите имаат и своја енергетска насока.


кинеска медицина


Бубрезите
според кинеската медицина, се едни од најважните органи бидејќи ја претставуваат основата на јин и јанг и се еден од најважните енергетски центри на нашето тело. Тие се поврзани со коскено-зглобниот систем, слухот и стравовите. Лекувањето на бубрезите влијание врз сите овие системи.

Црниот дроб е поврзан со крвта, во него крвта се складира и генерално секогаш третира нарушувања на менструалниот циклус кај жените, објаснува доктор Ана Жикич, лекар на традиционалната кинеска медицина.

Во црниот дроб живее ветер, а тој понекогаш се манифестира во вид на чешање, главоболка, вртоглавица. Една од најважните функции на црниот дроб е да обезбеди непречен проток на енергија низ нашето тело, но исто така и на протокот на мисли. Ако црниот дроб е во хармонија, не би требало да чувствувате стрес и притисок. Луѓето со здрав црн дроб се смирени, многу лесно донесуваат одлуки и се добри лидери.

“Ако црниот дроб е во состојба на стагнација, опструкција или во него има “пожар“ (еден од синдромите во кинеската медицина), тоа значи дека ограничен е протокот на енергија низ црниот дроб, но, исто така и во целото тело, што се манифестира како серија на физички и емоционални проблеми“ - вели Жикич.

Таа вели дека некои од првите знаци на дисхармонија на црниот дроб е поврзан со лутина, гнев, гордост, незадоволство, тврдоглавост, насилство. Ако овие емоции не се искажани, со можност за промена, тогаш тие може да доведат до депресија или чести промени во расположението. Исто така постои и голем број на физички симптоми кои укажуваат на дисхармонија на црниот дроб. Најчестите симптоми се: менструални проблеми, замор, напнатост, вкочанетост на телото, болки во градниот кош, алергии.

Човекот е микрокосмос

Во текот на вековите на примена, традиционалната кинеска медицина се развила во уникатен и интегриран здравствен систем. Поради високата ефикасност и можноста за спречување на болести, подеднакво го дели местото со западната медицина и во системот на кинеската здравствена заштита, но со голем успех се применува насекаде во светот.

Кинеската медицина е комбинација на заедничка примена на голем број на техники и теоретски претпоставки кои имаат корени во древната кинеска филозофија: таоизмот. Во основата на ова учење е усогласеноста на човекот со природата.

“Постои една изрека која вели човекот наликува на микрокосмос во рамка на макрокосмосот и дека процесите што се случуваат во нашето тело, се под влијание на истите сили кои владеат со универзумот. Затоа е многу важно еден човек да го прилагоди неговиот стил на живот, исхрана и однесување со природата и со годишните времиња“-вели доктор Ана.

Рамнотежата на петте елементи

Двата основни концепти на традиционалната кинеска медицина се холистички, со сеопфатен пристап кон пациентот, како и одредување на третмани кои се базираат на диференцијацијата на симптомите. Лекарот по кинеската медицина на своите пациенти им поставува прашања за нивната конструкција, начин на живот и физички симптоми.

“Едно од најважните правила на традиционалната кинеска медицина е да се третира причината, а не само последиците од болестите. Затоа, понекогаш за лекувањето е потребно време, но исто така и целосна промена на претходниот начин на живот“-вели докторката.

Основната теорија на која се базира кинеската медицина се: теоријата на јин и јанг, чи-ја и крвта, теоријата на петте елементи, системот на меридијани и колатерала.

Основните целини кои таа ги опфаќа се: акупунктура и “moxibustion“ кинеска фитотерапија, tuina (кинеска масажа), dietology (принципи на исхрана) и чи гонг (древна кинеска практика, каде што со усогласување на движењата и дишењето се постигнува рамнотежа на телото и умот).

Да речеме дека теоријата на "Петте Елементи“ е школа за кинеската медицина, што најмногу се практикува во Америка. Лекарите од оваа школа поставуваат дијагнози преку идентификување во кој однос се наоѓа телото на пациентот во основните елементи: земја, оган, вода, воздух и метал. Тие веруваат дека здравјето се враќа, ако повторно се воспостави рамнотежа на овие елементи.

Што е вклучено во традиционалната кинеска медицина?


Акупунктура: Ова е древна кинеска метода за лекување со помош на игли за воспоставување рамнотежа во телото, а се употребува и во третманите за подмладување.

Moxibustion: вклучува греење на акупунктурните точки со огнени стапчиња, мокша. Мокша стапчињата се направени од сомелени зрна од лен, па стегнати со пелин волна.

Кинеска фитотерапија: наместо да се фокусира на болеста со лекување на билки, Кинезите ги разгледуваат нејзините целокупни ефекти врз телото. На пример, дали го загрева телото? Дали предизвикува потење, и слично...

Туина: вид на кинеска масажа, каде со точно утврдени движења се работи на стимулирање на акупунктурните точки. Ова создава проток на енергија.

Dietology: препишување на одреден начин на исхрана во согласност со конструкцијата на пациентот.

Чи Гонг: древна кинеска практика, каде што преку движењата и дишењето се постигнува рамнотежа на телото и умот.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје