Денес е понеделник, 31 октомври 2016 година, 305-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:00, а ќе зајде во 16:33 часот. Денот ќе трае 10
часа и 33 минути.
Новата работа недела со последниот ден од октомври го започнуваме со
претежно ведро и постудено време, со исклучок во централните, северните
и источните предели каде што има појава на локална облачност и слаба
магла.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во текот на денот не очекува претежно сончево
време со појава на локална облачност, ветровито и студено време. Ќе дува
доумерен североисточен и северозападен ветер. Температурите под просекот
за овој период од годината, утринските од -3 до 6 степени, додека пак
максималните дневни од 7 до 15 степени. Ув индексот ќе има вредност 2.
СКОПЈЕ – Во Скопје во понеделник претежно сончево со појава на локална
облачност, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен
ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 12
степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник претежно сончево со локална облачност,
утринските температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните
дневни до 5 односно до 13 степени. Во среда студено утро и појава на
умерен мраз со утрински температури од -6 до 2 степени, во текот на
денот сончево со максимални температури од 9 до 17 степени. Во четврток
претежно сончево со локална облачност и температури до 10 односно до 18
степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди, попладне
намалување на облачноста и максимални температури од 5 до 13 степени.
Weather4all.com.mk