X
 08.06.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 8 јуни 2016 година, 160-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:10 часот. Денот ќе трае 15 часа и 16 минути.



Во поголем дел од Македонија ова утро имаме претежно сончево време со локална облачност, а во југозападните како и во крајните северозападни предели имаме зголемена облачност. Оваа облачност постепено се намалува и претпладне насекаде ќе имаме претежно сончево време.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во текот на денот ќе имаме претежно сончево време со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и вечерните часови во источните, југоисточните, јужните и југозападните предели ќе има услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 7 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 18 односно до 28 степени. Ув индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
- Нестабилното време во Македонија ќе продолжи и во наредните 2 дена, односно во четврток и петок, каде што во попладневните часови ќе имаме претежно сончево време а во попладневните часови нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во четврток максималните температури од 19 до 28 степени, додека пак во петот тие ќе се движат во интервал од 20 до 29 степени. Во сабота и недела стабилизација на времето и пораст на температурите. Ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, а максималните температури ќе достигнат до 22 до 32 степени во сабота, односно од 23 до 33 степени во недела.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот