X
 05.11.2016 Живот

Вечна зима и население без работа - како се живее во Источен Сибир?

Од Јакутска (8.310 км од Москва) до Евенкијската област лета авион само неколку пати неделно. Мештаните доаѓаат со автомобил за да ги дочекаат своите гости. Таму сите меѓусебно се познаваат, а ако се појави некој непознат целото население за еден час ќе дознае за тоа, а за два часа човекот ќе биде повикан на гости, бидејќи народот е навистина гостопримлив.


Евенкијската област
е најголема територијална единица во Јакутска. Во тој крај се одгледуваат ирваси, а живеат 4 илјади луѓе. Се уште нема јавен сообраќај, па до оддалечените места може да се пристигне само по пат кој се оди исклучиво во зима, кога температурата е под нулата и тоа со теренско возило. Зимата на ова место трае речиси цела година. Само во јуни и јули е лето. Вистинско зимско царство.

Луѓето живеат во дрвени куќи, а намирниците во продавниците се навистина скапи. Јаболката и компирот кои се увезуваат чинат цело богатство. Главните намирници кои населението најмногу ги користи се рибата и месото од ирвас. Конкретни работни места нема, а жителите се бават со лов на ирваси или убиваат волци за пари.



Нема интернет и не постои мрежа за мобилни телефони, но затоа пак има училиште. Училиштето е изградено од камен и во него се наоѓа патриотски центар, сала за билијард и етнографски музеј, каде што можете да дознаете многу за одгледувањето ирваси и за домородните племиња.


Населението се уште спроведува ритуали и принесува жртви. Во текот на целиот живот ја истражуваат тундрата, но немаат пари, меѓутоа во тоа подрачје жителите нема како поразлично да живеат. Кога се на отворено носат народни носии кои им држат топло на екстремно ниските температури.

Си имаат сопствен јазик, а како најинтересна нивна карактеристика е тоа што од копитата на ирвасите прават играчки за дечињата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот