X
 11.08.2018 Култура

Пренаселениот колумбиски остров и неговиот тивок начин на живот

Од далеку, на почеток тешко е да се одреди што всушност е Санта Круз дел Илоте. Појавувајќи се од морето, островот, еден од најгусто населените во светот, се чини дека лебди.

Всушност, Санта Круз, лоциран на архипелагот Сан Бернардо во заливот Моросикило, лежи на комбинација од подигнатиот морски брег и корали. Тоа е еден од 10-те острови во архипелагот.

Легендата вели дека рибарите од блиските острови ја поминале ноќта во Санта Круз и одлучиле да останат таму засекогаш кога сфатиле дека нема комарци. Локалните жители сметаат дека нема комарци затоа што нема мангрови и плажи.

Санта Круз не е традиционален остров. Посетителите немаат каде да престојуваат. Туристите често ја минуваат ноќта во соседниот хотел Пунта Фаро на островот Мукура и патуваат во Санта Круз со брз брод да истражуваат.

остров
Фото: Alvaro Orozco/Punta Faro


Се чини како островот да излегол од роман на Габриел Гарсија Маркез, а освен тоа, жителите на овој остров живеат невин начин на живот (нема полиција на островот), а шарените куќи се пренесуваат од генерација на генерација, така што не постојат жители преселени од други места.

Некои проценки велат дека околу 1.200 жители живеат на малиот остров, кој е голем колку две фудбалски игралишта. Сепак, како што вели Џуве Нил, станува збор за доста мала заедница.

-Честопати се нервираме бидејќи медиумите секогаш велат дека островот е пренаселен - вели Нал, лидер на заедницата, туристички водич и портпарол.

Сепак, без разлика на бројот на населението (кој не се знае бидејќи немало попис со децении), Санта Круз е доста тесен.

-Тука не постои криминал. Немаме полиција, а и не ни е потребна - вели Нил гордо.

2
Фото: Alvaro Orozco/Punta Faro


Неодамнешното партнерство со хотелот Пунта Фаро резултираше со мал конзерваторски аквариум во Санта Круз. Претходно, локалните жители ги третирале желките на ист начин како кокошките, убивајќи ги за месо. Сега, тие внимателно ги вадат желките фатени во нивните риболовни мрежи и се грижат за нив додека не дојде хотелскиот конзерваторски тим да ги собере

Туристите можат да платат и да го посетат аквариумот во кој се наоѓаат ајкули, морски ѕвезди и риби.

Сепак, колку и да негира Нил, јасно е дека Санта Круз е преполн со куќи. Островот морал да започне да се гради нагоре, бидејќи повеќе нема простор за ширење.

3
Фото: Alvaro Orozco/Punta Faro


-Тоа е вистински проблем во иднината. Ние бегаме од копно, но не знам каде е одговорот. Не можеме да продолжиме да градиме и да се развиваме - вели Нил.

Но жителите на Санта Круз не го сакаат вашето сожалување.

-Среќни сме. Каде на друго место во светот нема потреба од полиција, каде на друго место можете да имате остров само за вашата мала заедница? Секој ден се будам од звукот и погледот на морето. Не би сакал да живеам на друго место - вели Нил.

Во посета на Санта Круз


Секој турист мора да плати 3.000 пезоси (1 долар) со самото пристигнување на островот. Од неодамна, како што вели Нал, се зголеми бројот на туристи, па честопати тие ги сликаат жителите како да посетуваат зоолошка градина.

-Беше прилично неучтиво. Сега им наплаќаме нешто и им даваме тура низ островот, за туристите да сфатат дека не сме само за гледање, туку имаме и наша култура - вели Нил.

4
Фото: Alvaro Orozco/Punta Faro


Постои загриженост дека островот во иднина ќе биде жртва на зголемувањето на нивото на морето. Алехандро Алзате, генерален менаџер и ко-сопственик на Пунта Фаро, вели дека Санта Круз редовно доживува поплави, а постои и ризик еден ден да исчезне.

-Локалните жители не сакат ни да слушнат за ова затоа што тоа значи дека еден ден ќе мораат да се преселат. А животот во Санта Круз не може да се најде на ниту едно друго место. Луѓето се горди што живеат таму, тоа е повеќе од само заедница, тоа е култура, начин на живот - вели Алехандро Алзате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура