X
 14.11.2016 Живот

Доколку вашиот лет е одложен повеќе од 3 часа постои можност да добиете до 680 долари оштета

Ако практикувате да патувате со авион, голема е веројатноста летот да Ви биде одложен, откажан или пребукиран, но тоа не мора да го прифатите. Постои можност да добиете до 680 долари компензација во вакви случаи.

Аирхелп


За ова постои закон за патници во воздушниот сообраќај кон кон треба да се придржуваат сите земји на ЕУ. Законот е применлив ако летате на територијата на ЕУ, но и граѓани на држави што не се членки на Унијата имаат право на ваква компензација. Ако Вашиот авион поаѓа од било кој аеродром на земјите-членки, или од Исланд, Норвешка и Швајцарија, може да добиете компензација ако летот е пребукиран, откажан или одложен за повеќе од 3 часа.

Airhelp е основана од тројца ентузијасти во 2013 година со цел да бидат во служба на правата на авио-патниците. Правилата се детално опишани на интернет страницата во менито Know Your Rights.

Како функционира Airhelp?

Интернет страницата овозможува брзо да проверите дали имате право да побарате компензација за Вашиот лет. Ако е возможно, веднаш ќе дознаете и колку пари ќе добиете. Airhelp ќе се погрижат за комуникацијата и документите со авио-компаниите и ако е потребно ќе бидат на Ваша страна и пред законот. Потоа ги префрлаат парите на Ваша сметка, а го одбиваат само надоместот за услугата. Ако не добиете пари Вие, нема да добие ни Airplus.

Останатите информации прочитајте ги на веб страницата.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот