„Канада до 2030 година ќе ги затвори сите свои електрани на јаглен за да се забрза намалувањето на емисијата на гасовите со ефект на стаклена градина“, изјави канадската министерка за животна средина, Кетрин Мекена.
Еелектраните кои се наоѓаат во четири канадски провинции, емитираат околу 10 проценти од вкупната емисија на гасови во Канада, а нивното затворање ќе биде еднакво на повлекувањето на 1,3 милиони автомобили од сообраќај, дополни министерката пред новинарите.
Според нејзините зборови, Канада ќе вложи напори до 2050 година да ја намали емисијата на стакленичките гасови за 80 проценти.
Околу 80 проценти од електрична енергија што се произведува во Канада, потекнува од обновливи извори на енергија, а целта на владата е тој процент да се зголеми на 90% до 2030 година.
Мерки за затворање на електраните на јаглен најавија и Франција, Велика Британија, Холандија, Данска и Австрија.
Таа мерка е во согласност со спогодбата за климатските промени постигната во Париз на крајот на 2015 година.